Граѓаните и иматели на имоти во Општина Охрид, во иднина ќе можат даночните обврски кон општината да ги плаќаат електронски преку системот Е-даноци.
Новата дигитална алатка која во голема мера ќе го олесни начиниот на подмирување на обврските кон Општина Охрид, официјално ќе биде промовирана во понеделник, најави локалната самоуправа.
