HomeАктуелноОпштина Охрид објави јавен повик за субвенционирање на комунални трошоци

Општина Охрид објави јавен повик за субвенционирање на комунални трошоци

Општина Охрид ќе врши обезбедување на правото на остварување на социјална заштита на граѓаните, од средствата на Буџетот на Општина Охрид, во облик на спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за граѓаните кои се изложени на социјални ризици.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Субвенционирањето на трошоците за комунални услуги, се однесува за периодот од 01.01.2026 година, заклучно со 31.12.2026 година. Согласно програмата за социјална заштита во буџетот на општина Охрид за оваа намена се предвидени 2.000.000,00 денари, се наведува во Јавниот повик.

Вкупниот износ на субвенција ќе изнесува 703,00 денари месечно, за секој корисник на субвенцијата и ќе биде составен од следните четири компоненети:

  • Покривање на трошоците за потрошена вода за пиење до 320 денари за секој корисник на услугата, односно на субвенцијата;
  • Покривање на трошоците за спроведување на отпад до 150 денари за секој корисник на услугата, односно на субвенцијата;
  • Покривање на трошоците за одведување на отпадни и атмосферски води до 150денари за секој корисник на услугата, односно на субвенцијата;
  • Покривање на трошоците за плаќање на гробна такса-гробарина до 83 денари за секој корисник на услугата, односно на субвенцијата.

Јавниот повик трае 20 дена од денот на објавување.  Повеќе детали на линкот

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.