HomeАктуелноОпштинската организација Охрид на Движење ЗНАМ За Наша Македонија симболично го одбележа денот на Охридското Езеро: Нашата заложба e одржлив развој, заштита на природата и поддршка на локалната заедницa

Општинската организација Охрид на Движење ЗНАМ За Наша Македонија симболично го одбележа денот на Охридското Езеро: Нашата заложба e одржлив развој, заштита на природата и поддршка на локалната заедницa

Членовите на политичката партија „ЗНАМ“ Охри, по иницијатива на Клубот на жени и млади денес симболично го одбележаа овој значаен ден со прошетка покрај езерото и возење со чамец – во знак на благодарност и почит кон ова природно чудо, кое не само што е УНЕСКО заштитено, туку и симбол на нашата историја, култура и иднина. Охридското Езеро не е само Езеро – тоа е извор на живот, инспирација и обврска. Обврска да го чуваме, негуваме и заштитуваме за идните генерации.
Го прославуваме 21 јуни, Ден на Охридското Eзеро. Денес, на Денот на Охридското Езеро, се потсетуваме на вредноста и убавината на нашето најголемо природно богатство. Членовите на Движење Знам За Наша Македонија од Општинската организација Охрид го одбележаа овој ден со симболична прошетка и возење со чамец, изразувајќи љубов и почит кон езерото кое ги поврзува генерациите и ја раскажува историјата на нашиот град. За нас, Охридското Езеро не е само пејсаж – тоа е живот, идентитет и одговорност. Како политичка опција, се залагаме за одржлива заштита на природните ресурси, чисто Езеро и развој кој не ја нарушува природната рамнотежа. Да бидеме чувари, а не само набљудувачи! -стои во објавата на Движење ЗНАМ За Наша Македонија

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Нашата заложба како Движење ЗНАМ За Наша Македонија е јасна – одржлив развој, заштита на природата и поддршка на локалната заедница се наш приоритет, велат од Општинската организација на Движење ЗНАМ.

Е.Р

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.