Македонија и Охрид има со што да се горедее! Охриѓанката Христијана од Светско првенство се враќа со бронзен медал.
Градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков и охриѓани денес во 19h во близина на хотел Палас, на Кеј Македонија ќе ја пречекаат македонската делегација која што нѐ претстави на Светското првенство на ИТФ во Астана.

Имено, Македонскатата репрезентативка во традиционално таеквондо Христијана Парулеска освои бронзен медал во спаринг-борби за јуниорки од 14 до 15 години на Светското превенство што се одржува во Астана, Казахстан.
Парулеска е најдобрата континентална кадетка, со златен медал освоен на Европското првенство одржано годинава во Италија.
На Светскиот шампионат отпатуваа со тројца натпреварувачи и тоа Парулеска, Давид Крстески, Елена Јанеска, под водство на Марјанчо Лазаревски.
Македонската Традиционална Таеквондо Федерација заминува во Казахстан под покровителство на Агенцијата за млади и спорт и со поддршка на Општината Охрид.
Новинар: Елена Ристеска
