HomeАктуелноОсум лица починаа по пиење домашен алкохол во Иран    

Осум лица починаа по пиење домашен алкохол во Иран    

Осум лица починаа откако пиеле домашен алкохол во иранскиот град Бандар Абас, јавија локалните медиуми.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Други 51 лице завршија во болница поради труење со алкохол, информираше д-р Фатемех Новрузијан за време на прес-конференција.

 

 

Седумнаесет од нив биле во критична состојба на интензивна нега.

Полицијата соопшти за апсење на осуммина под сомнение за производство и дистрибуција на алкохол.

 

 

Производство, продажба, како и конзумирање на алкохол, е строго забрането во Исламската Република, со исклучоци за одредени верски малцинства.

Казната за консумирање алкохол од страна на муслиман е 80 удари со камшик.

Официјалните лица во Бандар Абас не ја идентификувале токсичната супстанција што била во домашно правениот алкохол.

На почетокот на пандемијата од Ковид-19, лажно верување дека пиење или плакнење на устата со алкохол ќе го спречи коронавирусот, предизвика зголемен број труења со метанол.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.