HomeАктуелноОтворен повик за петгодишната програма за меморијални обележја во Охрид

Отворен повик за петгодишната програма за меморијални обележја во Охрид

Општина Охрид објави Јавен повик за доставување предлози за одбележување значајни настани и личности со меморијални споменици и обележја.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Согласно одредбите од Законот за меморијалните споменици и спомен – обележјата, Општина Охрид подготвува Програма за одбележување значајни настани и истакнати личности со меморијални споменици и спомен – обележја, за период од пет години.

Со цел, максимална транспарентност и вклучување на стручната јавност, Општина Охрид упатува Јавен повик до правните и физичките лица да достават конструктивни предлози за одбележување значајни настани и истакнати личности со меморијални споменици и спомен – обележја.

Предлозите, задолжително, треба да содржат: податоци за настаните и личностите и објаснување за нивното значење; порака што треба да ја симболизира споменикот или спомен – обележјето; како и основни елементи за евентуалниот текст што би бил истакнат на споменикот или спомен – обележјето, се посочува во повикот.

Предлозите, најдоцна до 02.12.2025 година, треба да се доставуваат во писмена форма на следната адреса: Општина Охрид, ул.„Димитар Влахов“ бр. 57, 6000 Охрид, со назнака: За Јавниот повик за одбележување значајни настани и истакнати личности со меморијални споменици и спомен – обележја.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.