HomeАктуелноОхридската полиција заплени арсенал нелегално оружје, приведен 27-годишник

Охридската полиција заплени арсенал нелегално оружје, приведен 27-годишник

На 11.07.2025 во 17.50 часот, во селото Песочани, општина Дебрца, полициски службеници од СВР Охрид од слобода го лишија Н.Н.(27) од истото село. При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, пронајдени и одземени се пиштол таурус“, калибар 9 милиметри, пушка маверик“, калибар 12 милиметри, 198 куршуми различен калибар, две ловни пушки и една пушка со оптички нишан, кои нелегално ги поседувал, како и други предмети. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна кривична пријава, информираат од СВР Охрид.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.