На 18.05.2023 во 13.00 часот во СВР Охрид, пријавено е дека во угостителски објект на кеј „Македонија” во Охрид, бил нарушен јавниот ред и мир со агресивно однесување и упатување закани од В.М. и Д.М. кон И.Д.(68), сите од Охрид.
По целосно документирање на случајот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
