HomeАктуелноОхридското село Куратица вечерва традиционално ќе ја прослави Василица

Охридското село Куратица вечерва традиционално ќе ја прослави Василица

Почнува прославата за Василица во Охридското село Куратица  и оваа година, по 25-ти пат празникот Свети Василиј Велики или Василица ќе го прослави со голем карневал под маски.  

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Куратица се подготвува за вечерашната прослава на Василица со традиционалниот карневал кој годинава се одржува по 25-ти пат. Курајчани, верни на традицијата, ќе ги оживеаат старите василичарки обреди и ќе го збогатат празнувањето со богата софра, музика и веселба.

Официјалниот дел од карневалот ќе започне вечерва во 20 часот со дефилето на маски на кое годинава ќе прв пат ќе учествува и група од Воден, Грција и општонародна веселба.

Годинава во музичкиот дел ќе настапат групата Оскар и поп-фолк пејачката Анета Љумаковска. Како и секоја година ќе бидат избрани најдобрите маски, а прогласувањето на победниците ќе биде проследено со огномет. Карневалското лудило продолжува и после полноќ, со песни и ора на сред село.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.