HomeАктуелноОхрид викендов во центарот на спортските збиднувања!

Охрид викендов во центарот на спортските збиднувања!

Охрид викендов во центарот на спортските збиднувања!
Викендов во Охрид се одржуваат два големи спортски настани значајни за Охрид и Македонија. Едниот е ракометниот Ф4 турнир кој по втор пат се одржува во Охрид, но за разлика од првиот пат, овој пат учесник помеѓу најдобрите четири екипи е и ГРК Охрид. Се надевам како организатори и како домаќини ќе бидеме добри и дека во иднина како град, локална самоуправа и ракометен клуб треба да ја зграбиме шансата и да бидеме повторно организатори на Ф4 турнирот. Друг голем настан кој се одржува викендов е Атлетскиот викенд „Охрид ТрчаТ“. Годинава имаме повторно рекорден број на учесници, односно на двете трки ќе учествуваат 2400 тркачи. Исто така оваа година имаме и рекорден број на странски учесници. Ме радува што половина од бројката на тркачи се од други градови од Македонија или од странство. Сметам дека овој тренд во иднина ќе продолжи. Охрид ќе пулсира спортски овој викенд! Се гледаме на ракометниот турнир да го бодриме ГРК Охрид и на „Охрид ТрчаТ“ да трчаме или бодриме учесниците, но пред се, добро да се забавуваме, стои во објавата на градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков.
-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.