HomeАктуелноОхрид доби автопат: Пуштена во употреба првата делница од трасата кон Кичево

Охрид доби автопат: Пуштена во употреба првата делница од трасата кон Кичево

Денешниот ден се врежува со златни букви во историјата на Охрид, југозападниот регион, но и на цела Македонија. Со свеченост и голема радост беше пуштена во употреба првата делница од автопатот Охрид – Кичево, во должина од 20 километри – проект од стратешко значење кој долго време беше сон, а денес станува реалност.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Изградбата на оваа делница претставува не само инфраструктурен напредок, туку и конкретен чекор кон подобрување на квалитетот на живот за граѓаните на овој регион. Новиот автопат ќе го направи патувањето до Охрид побрзо, побезбедно и поудобно, со што значително ќе се зголеми пристапноста до градот и околните места.

„Овој автопат не значи само километри асфалт. Тој значи повеќе туристи, повеќе полни хотели, ресторани и продавници. Тој значи нови работни места, нови можности и подобар живот за секој охриѓанец кој живее од туризмот,“ беше истакнато на настанот.

Инфраструктурните проекти како овој директно влијаат врз економскиот развој. Со новата сообраќајна врска, Охрид се позиционира како уште подостапна и попривлечна дестинација за домашни и странски посетители, што е од суштинско значење за локалниот туризам, но и за целокупната економска иднина на регионот.

„Изградбата на автопатот Охрид – Кичево е доказ дека кога има политичка волја, визија и заедничка посветеност, може да се реализираат и најголемите проекти. Ова е само почеток на едно ново поглавје за нашиот град и за државата,“ се нагласи на отворањето.

Овој проект, кој долго време беше заглавен поради административни и технички пречки, конечно добива конкретна форма, охрабрувајќи ја јавноста дека и другите делници од автопатот ќе бидат наскоро завршени.

Со отворањето на оваа делница, Охрид добива многу повеќе од пат – добива надеж, перспективи и дополнителен импулс за просперитет

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.