HomeАктуелноОхриѓани и Почесниот конзулат на Р. Србија во недела ќе оддадат почит кон жртвите во немилите настани во Србија

Охриѓани и Почесниот конзулат на Р. Србија во недела ќе оддадат почит кон жртвите во немилите настани во Србија

По повод двата немили настани во Р. Србија, едниот во училиштето „Владислав Рибникар“, другиот во Младеновац, Почесниот конзулат на Р. Србија во Македонија со седиште во Охрид, ги повикува граѓаните на 7 мај во 11 часот да дојдат да оддадат почит кон жртвите на градскиот плоштад Св. „Климент Охридски“.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Заедно да одадеме почит на жртвите и да одиме во 12 часот во црквата Св. „Богородица Перивлепта“, стар град, каде ќе се одржи панихида за трагично починатите граѓани. Изразуваме длабоко сочуство до семејствата на трагично загинатите, посакуваме брзо и лесно опоравување на сите повредени лица. Изразуваме силна емпатија, солидарност, сплотеност до Српскиот братски народ и Р. Србија, вели почесниот конзул на Р. Србија во Македонија со седиште во Охрид, М-р Михајло Филев.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.