„Ни пристигна известување дека пред околу еден час им се искрешни стаклата на неколку автомобили се претпоставува дека се околу 20 со македонски регистарски таблички во Калитеа и во Афитос.

Ова е срамен чин на најобични будали, врз основа на кој цел еден народ ќе биде окарактеризиран како таков.

Ако некој од вас е меѓу нив, веднаш појдете во полиција во касандра, многумина веќе пријавиле и инсистирајте да ги погледнат камерите на целиот пат бидејќи тоа не се случило на едно место, туку на неколку локации“, напиша Ивана Станојевиќ, член на групата.