HomeАктуелноПатиштата влажни, се препорачува внимателно возење

Патиштата влажни, се препорачува внимателно возење

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.