HomeАктуелноПатишта или писти, санкционирани 240 возачи за брзо возење

Патишта или писти, санкционирани 240 возачи за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (18.04.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 240 возачи. Од нив 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 117 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 123
надвор од населено место. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме
до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.