HomeАктуелноПатот од село Бели кон Пониква утре ќе биде затворен за сообраќај

Патот од село Бели кон Пониква утре ќе биде затворен за сообраќај

Патниот правец од Кочани, поточно село Бели кон Пониква утре од 10 часот ќе биде затворен за сообраќај поради одржување на меѓународниот натпревар во автомобилизам од календарот на ФИА-ЦЕЗ на ридски патеки.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

По завршување на натпреварот кој ќе се одржува од 12 часот, патот ќе биде отворен за сообраќај.

Од понеделник патниот правец Маврови Анови – Жировница (Р1202) ќе биде затворен за сообраќај од 10 до 16 часот.

– Во понеделник (5 септември), вторник (6 септември) и среда (7 септември), Пелагонија АД Гостивар како изведувач на работите ќе воспостави времен режим на комплетно затворен сообраќај во периодот од 10 до 16 часот на патен правец Маврови Анови – Жировница (Р1202) поради испитување на мостовските конструкции на патот „Рехабилитација на регионален пат Р1202, делница Маврови Анови – Жировница“ согласно Одобрението за времена измена на режимот на сообраќај, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.