HomeАктуелноПетков: Во врска со Северна Македонија ништо нема да правиме под притисок

Петков: Во врска со Северна Македонија ништо нема да правиме под притисок

Бугарија нема да прави ништо под притисок во врска со Северна Македонија, изјави денеска бугарскиот премиер Кирил Петков, коментирајќи го развојот на односите меѓу Скопје и Софија.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

– Ништо нема да правиме под притисок, изјави Петков при посетата на местото Садово, кое беше погодено од град.

Како што јави БГНЕС, Петков истакна дека Бугарија се обидува да види дали нејзините барање и потреби за поддршка на Бугарите во земјава можат да бидат гарантираат преку европскиот процес.

– Ќе оставам на Министерството на надворешни работи, затоа што тие преговараат токму сега. Прашање е дали преку европскиот процес може да се гарантира бугарската позиција, а не некој да не притиска за било што, додаде Петков.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.