HomeАктуелноПетков најави јавна кампања за купување оружје за Украина

Петков најави јавна кампања за купување оружје за Украина

Бугарскиот премиер Кирил Петков во пост на својот Фејсбук профил објави дека започнува јавна кампања за собирање средства што ќе и бидат доставени на украинската Влада.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според Петков, испраќањето воена помош за Украина бара политичко, но и општествено единство. За таа цел тој ќе донира една од своите плати како премиер на Бугарија.

Во јавното пространство во земјата има многу екстремни мислења на оваа тема, беше категоричен тој.

В среда Петков и делегација предводена од бугарската владејачка четирипартиска коалиција ќе го посетат Киев. Според него, додека не се постигне политички консензус на темата, граѓаните на Бугарија, кои веруваат дека никој во Европа нема право да ги напаѓа соседите и да убива цивили, можат слободно да изберат финансиски да и помогнат на Украина за набавка на муниција, повика Кирил Петков. И изјавува дека започнува јавна кампања за собирање средства што ќе и се дадат на украинската влада.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.