HomeАктуелноПетков: Палењето на „Иван Михајлов“ е обид за провокација и дестабилизација на нашите односи

Петков: Палењето на „Иван Михајлов“ е обид за провокација и дестабилизација на нашите односи

Бугарскиот премиер Кирил Петков најостро го осуди палењето на влезот на Културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Тој му се заблагодари на премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски за брзиот одговор и нагласи дека очекува од македонските надлежни служби да ги бара и казни сторителите на овој, како што го нарече, вандалски чин.

-Најостро го осудувам палењето на Културниот центар „Иван Михаилов“ во Битола кој е обид за провоцирање и дестабилизација на односите со нашите соседи, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков во врска со палењето на Центарот за култура во Битола.

Според Петков, бугарската Влада ќе продолжи да работи на заштита на правата на бугарската заедница во Северна Македонија и на поддршката на нејзините активности.

Иднината на регионот, дополни Петков, не треба да биде заложник на обидите за дестабилизација на злонамерните маргинални групи.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.