HomeАктуелноПетровска на министерски состанок на НАТО во Брисел

Петровска на министерски состанок на НАТО во Брисел

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска и утре во седиштето на Алијансата во Брисел ќе учествува на состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво министри за одбрана на земјите – членки на НАТО.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Петровска и министрите за одбрана на 29-те сојузници на состаноците ќе разговараат за две клучни теми за Алијансата – одвраќањето и одбраната, како и споделувањето на товарот. Министерката ќе учествува и на работна вечера на министрите за одбрана на НАТО и на ЕУ, Финска, Шведска, Украина и Грузија, на состанокот на земјите – членки кои придонесуваат во т.н. Зајакнато присуство на Алијансата во Латвија, како и на состанокот на Контакт групата за Украина.

Како што соопшти Министерството за одбрана, во седиштето на Алијансата, министерката Петровска ќе се сретне со помошникот генерален секретар за инвестиции во одбраната, Камил Гранд, a ќе оствари и повеќе билатерални средби со министри за одбрана на сојузничките земји.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.