HomeАктуелноПет угостителски објекти во Битола го нарушиле јавниот ред и мир со прегласна музика

Пет угостителски објекти во Битола го нарушиле јавниот ред и мир со прегласна музика

Во пет угостителски објекти во Битола бил нарушен јавниот ред и мир со прегласна музика. Контролата за голема бучава во угостителски објекти на подрачјето на Битола била извршена од полцијата ноќеска од 23 до 2 часот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

-Притоа, во седум угостителски објекти било извршено мерење на јачината на бучавата со фонометар, при што било констатирано дека пет од нив ја надминуваат дозволената јачина, односно со прегласна музика го нарушуваат јавниот ред и мир, поради што ќе се соочат со законски предвидените поднесоци, информира Министерството за внатрешни работи.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.