Во завршна фаза се активностите за реконструкција на улицата „Даме Груев“. На оваа улица се поставува првиот слој асфалт со просечна ширина од шест метри. Tука се одвиваат и активности за спуштање на каблите под земја.
Откако ќе се постави и завршниот слој асфалт, ќе следува и соодветно обележување на улица и со тоа охриѓани, а особено жителите на улицата „Даме Груев“ ќе добијат современа и безбедна сообраќајница. Вкупната вредност на целиот проект изнесува околу 2 300 000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.


