HomeАктуелноПецаков го потпиша Кодексот за фер избори: „Битка на идеи, а не на навреди“

Пецаков го потпиша Кодексот за фер избори: „Битка на идеи, а не на навреди“

Актуелниот градоначалник на Општина Охрид и кандидат за нов мандат, Кирил Пецаков, денес го потпиша Кодексот за фер и демократски локални избори 2025 година.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

„Ова не е само формален чин, туку моја цврста обврска кон граѓаните дека ќе водам кампања која ќе биде чесна, отворена и во согласност со највисоките демократски принципи,“ изјави  Пецаков.

Тој нагласи дека фер изборниот процес е темел за изградба на силна и одговорна локална самоуправа, при што неговите заложби ќе бидат насочени кон политичка толеранција, почит помеѓу кандидатите и кампања без говор на омраза и лични напади.

„Нашата борба треба да биде битка на идеи, програми и визии за подобар Охрид, транспарентност и отчетност кон граѓаните,“ додаде градоначалникот.

Пецаков ги повика сите политички субјекти и кандидати во изборниот процес да се придржуваат кон Кодексот и да покажат дека може да се гради зрела политичка култура.

„Искрено се надевам дека овие избори ќе бидат одраз на достоинство и почит, бидејќи ниското ниво на комуникација од минатото не донесе никаков позитивен исход,“ истакна тој.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.