HomeАктуелноПецаков: Илинден е идеал што нè обединува – да ја чуваме Македонија со дела, не само со зборови

Пецаков: Илинден е идеал што нè обединува – да ја чуваме Македонија со дела, не само со зборови

Во пресрет на големиот празник Илинден, градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, вечерва од селото Велгошти упати силна и емотивна порака, повикувајќи на единство, почит и одговорност кон македонската државност.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Кога сме најблиску до Бога, во очи Илинден, со чиста љубов и мисла се поклонивме пред делото на Илинденците и АСНОМците, кои со своите животи ги поставија темелите на современа, суверена и независна Македонија, истакна Пецаков.

Тој посочи дека Илинден не е само историја, туку жива традиција, што ги поврзува двете епохи на македонската борба – 1903 и 1944 година – во еден заеднички идеал: слободна и независна Македонија.

Синови и ќерки се бореа сонот за слободна Македонија да стане јаве. Наша должност е да го сочуваме тоа наследство и да го надградиме. Да создаваме подобри услови за живот, да ги задржиме младите дома, да ја осовремениме Македонија, но да не ја изгубиме нејзината душа, порача Пецаков.

Градоначалникот нагласи дека љубовта кон татковината не се покажува со празни зборови, туку со дела. Тој најави дека ќе продолжи со конкретни чекори во здравството, образованието и инфраструктурата, „затоа што татковината се сака со работа, со пожртвуваност и со визија за иднината.“

На крајот, упати благослов до сите граѓани:
„Да сте ми живи и здрави, драги Македонци. Вечен и благословен да е големиот празник Илинден!“

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.