HomeАктуелноПецаков оствари средба со шефот на мисијата на ОБСЕ во Македонија

Пецаков оствари средба со шефот на мисијата на ОБСЕ во Македонија

Градоначалникот  Кирил Пецаков, оствари протоколарна средба со Шефот на мисијата на ОБСЕ во Македонија, Клеменс Која. На средбата се разговараше за предизвиците со кои се соочува Охрид. Се разговараше за УНЕСКО, а градоначалникот делегацијата ја информираше со чекорите што Локалната самоуправа ги презема во согласност со препораките на УНЕСКО. Градоначалникот ги запозна гостите со начинот на функционирање на Локланата самоуправа.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Заеднички беше констатирано дека веќе добро воспоставената меѓусебна соработка треба да продолжи и постојано да се надоградува. Шефот на мисијата изрази подготвеност за давање на поддршка во делокругот на нивното дејствување, додаваат од општина Охрид.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.