HomeАктуелноПецаков по повод Денот на Власите: Меѓусебното почитување отсекогаш било приоритет во нашето мултиетничко општество, така ќе биде и во иднина

Пецаков по повод Денот на Власите: Меѓусебното почитување отсекогаш било приоритет во нашето мултиетничко општество, така ќе биде и во иднина

Придонесот на влашката заедница во Република Македонија е сеприсутен и значаен за севкупниот општествен живот на земјата. Власите во Македонија, се составен дел од историјата и нераскинлив дел од сегашноста и иднината на државата, вели во честитката по повод 23 Мај, Националниот празник на Власите, градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Почитувани сограѓани, припадници на влашката етничка заедница ми претставува особена чест да ви го честитам Националниот ден на Власите  со желба за добро здравје, љубов и среќа во Вашите семејства.

Придонесот на влашката заедница во Република Македонија е сеприсутен и значаен за севкупниот општествен живот на земјата.

Власите во Македонија, се составен дел од историјата и нераскинлив дел од сегашноста и иднината на државата.

На овој ден  ја одбележуваме посебноста на Власите како дел од нашето мултиетничко општество и почитта кон влашката традиција, култура и историја.

Меѓусебното почитување и  негување на  културата, обичаите и традициите од различните етнички заедници отсекогаш било приоритет во нашето мултиетничко општество. Така  ќе биде и во иднина.  Заедно и сложно ќе работиме за подобра иднина на сегашните и идни генерации во развиена и просперитетна држава – стои во честитката на градоначалникот Пецаков, по повод Меѓународниот ден на Власите.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.