HomeАктуелноПецаков со шпанскиот амбасадор: Милион евра за Охридското Езеро и план за авио-линија Скопје–Мадрид

Пецаков со шпанскиот амбасадор: Милион евра за Охридското Езеро и план за авио-линија Скопје–Мадрид

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков денеска  во својот кабинет го прими  амбасадорот на Кралството Шпанија Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На работната средба двете страни  разменија мислења околу туристичката соработка меѓу двете земји, Македонија и Шпанија при што се разгледуваа можностите за воведување на авио линија Скопје –Мадрит  со три летови неделно, по веќе воспоставената Скопје – Барселона. Тоа би значело поголем  број на шпански гости на охридската ривиера.

Високиот гостин од Шпанија го информира градоначалникот Пецаков дека шпанската Влада има обезбедено Грант од милион евра кој што  е предвиден за реконструкција на прочистителниот систем на Охридското Езеро како природна реткост заштитена од УНЕСКО. Стана збор и за физибилити студијата  за прочистителни станици  наменети за нашето езеро, а  изработена од етаблирана шпанска компанија.

Амбасадорот Сориано Ортиз го изрази своето задоволство од убавините на Охрид, неговите традиции и култура и посочи дека ќе биде дел од вечерашната публика на фестивалот Охридско лето на чиј репертопар е предвиден настап на уметници од Шпанија.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.