HomeАктуелноПецаков: Стартува реализацијата на капитални инфраструктурни проекти во Охрид

Пецаков: Стартува реализацијата на капитални инфраструктурни проекти во Охрид

Потпишани се договорите за реализација на инфраструктурни проекти со кои Општина Охрид аплицираше на вториот Јавен повик за финанасирање на инфраструктурни проекти, објавен од страна на Министерството за локална самоуправа.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Инвестициите во комуналниот развој се нашиот најважен приоритет и затоа продолжуваме со уште посилно темпо да реализираме низа проекти во интерес на граѓаните, вели градоначалникот Кирил Пецаков.

Воедно посочува дека стартува процесот на реализација на проекти за подобар Охрид и тоа изградба на катна гаража во Општина Охрид, реконструкција на линиски инфраструктурен објект кој ги поврзува село Велгошти со село Лескоец, реконструкција на дел од улица „Даме Груев“ од кружна крстосница улица „Јане Сандански“ со „Питу Гули“ до пресек со булевар „Туристичка“, реконструкција на линиски инфраструктурен објект на дел од улица „7ми Ноември од кружна крстосница „Охридска Банка“ до пресек со улица „Егејска“, реконструкција на линиски инфраструктурен објект населба „Бараки“, реконструкција на потег дел од улица Петрино до пресек со улица Караорман село Лескоец, проектот за употреба и одржување на урбан простор и парк на дел од „Кеј Македонија“, реконструкција на линиски инфраструктурен објект локален пат за село Завој, реконструкција на линиски инфраструктурен објект улица во село Долно Лакочереј крак 2, проект за линиски инфраструктурен објект локален пат од село Лескоец до село Долно Лакочереј, реконструкција на линиски инфраструктурен објект за постоечки локален пат од камо Љубаништа до главен пат, реконструкција на линиски инфраструктурен објект за дел од улица Кленоец и дел од улица Петрино, како и реконструкција на линиски инфраструктурен објект на дел од улица „Партизанска“ – населба Охридати, стои во објавата на градоначалникот Кирил Пецаков.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.