Пејачот Мики Секуловски (36) деновиве сподели и една преубава вест со која ги воодушеви своите бројни обожаватели како од Македонија, така и од регионот.
Имено, Мики во рамките на своите Инстаграм приказни сподели дека неговиот брат добил син, а тој станал чичко.

Среќната вест ги израдува сите, а Мики сега ќе има уште една причина да победи и да ја одбележи оваа година.
Така беше и со сите негови претходни настапи, а неговата менторка Светлана Цеца Ражнатовиќ е среќна што е во нејзиниот тим.
Таа е презадоволна што има еден ваков генијален и талентиран пејач покрај себе, а тоа го покажа и по неговиот последен настап кога излезе на сцената и му честиташе, па го прегрна и бакна.
Како звучеше Мики тогаш, слушнете во продолжение…
