Излагање на советничката од Левица во Општина Охрид – Виолета Аврамоска по повод нејзините забелешки во однос на Нацрт програмата за млади и невладини организации за 2023 година, таа со статистика го изнесе своето излагање.
Прво да направиме споредба какви плати земаат ангажираните лица и младинските работници во Младински Центар – Охрид во споредба со другите младински центри во Република Македонија, вели советничката Аврамоска.
Програмскиот раководител од Коалицијата СЕГА ќе зема 49,570 ден плата, Координаторот на Младински Центар – Охрид од Коалицијата Сега ќе зема 40,311 денари плата, Раководителот на Младински Центар – Охрид ќе зема 34,950 денари плата, вработените во Младински Центар – Охрид ќе земаат 30,300 денари плата и Финансискиот Асистент на Коалицијата СЕГА ќе зема 12,000 денари плата месечно;
Во споредба со Младинскиот Центар Охрид, МЦВ (Велес) има само еден вработен и зема околу 30,000 денари плата месечно (Велес има околу 7,800 млади), а во МЦК (Кавадарци) вработените земаат околу 22,000 денари хонорар;
Охрид има 8,200 млади, а се ангажирани 6 лица од кој три лица се од младинската чадор организација на Младински Центар – Охрид – Коалиција СЕГА, а останатите се 2 младински работници и еден раководител на Младински Центар – Охрид;
Овие средства за плати се поддржани со околу 58% од средствата на буџетот на Општина Охрид;
Моето прашање е, дали МЦО навистина има потреба од толку многу вработени хонорарци и толку високи плати и направете споредба со останатите младински центри во Република Македонија? – вели советничката на општина Охрид.
