HomeАктуелноПовеќе од 14.000 повредени во Турција за време на Курбан Бајрам – министерот апелира за претпазливост

Повеќе од 14.000 повредени во Турција за време на Курбан Бајрам – министерот апелира за претпазливост

Турскиот министер за здравство, Кемал Мемишоглу, објави дека 14.372 лица побарале медицинска помош поради повреди здобиени за време на жртвувањето животни во првиот ден од Курбан Бајрам.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според министерот Мемишоглу, кој ги објави бројките на социјалните мрежи, пријави за повреди се регистрирани во секоја од 81-те покраини во Турција. Најголем број случаи е пријавен во Анкара – 1.049 повредени, Истанбул – 753, Коња – 655, Газиантеп – 634 и Маниса – 572.

Министерот апелираше до граѓаните да ги остават жртвувањата животни на професионалци, нагласувајќи ја важноста од следење на безбедносните упатства за спречување повреди.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.