Општина Охрид објави јавен повик за поднесување барања за добивање субвенции на уплатена такса за привремен престој на домашни и странски туристи, за физички лица вршители на угостителска дејност во Oпштина Охрид.
Целта на оваа активност е поттикнување на физичките лица запишани во регистарот на физички лица вршители на угостителска дејност во oпштина Охрид уредно да ја водат евиденцијата за престојот на гостите во својот сместувачки објект, со што ќе се стимулира редовната наплата на ТПП.
Висината на Субвенцијата ќе изнесува 80% од уплатената такса за примвремен престој по основ на вкупниот број на остварени ноќевања за периодот од 01.01 – 31.05.2022 година, стои во јавниот повик.
Вкупниот износ на субвенциите не смее да го надминува предвидениот износ одобрен во Програмата Г2 за тековната година. Во случај на пристигнати барања за субвенции во вкупен износ поголем од предвидениот со Годишната Програма, ќе се применува принципот „прв дојден – прв услужен“ се до исполнување на предвидениот износ.
Крајниот рок за пријавување е 04. 11. 2022 год. Повеќе информации на следниот линк.
