HomeАктуелноПовторно пропадна камион во фонтаната на плоштадот во Скопје | ФОТО

Повторно пропадна камион во фонтаната на плоштадот во Скопје | ФОТО

Пак пропадна камион во фонтаната на плоштадот „Македонија“ во Скопје. Од утрово, на плоштадот се поставува бина и шатори за фестивалот на пивото „Пиволенд“ кој го организира Град Скопје. Еден од камионите кој носеше опрема пропадна и фонтаната сега повторно е искршена и оштетена.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

 

Ова е трето возило кое пропаѓа во фонтаната. Претходно пропадна еден камион кој работеше на прославата за ракометарите на Вардар кои станаа европски шампиони. Потоа, пропадна и една машина за чистење.

Останува нејасно што е со заштината ограда која еден период беше поставена за да ја штити оваа фонтана.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.