Едно лице е најдено починато во близина на пожар во сeлото Лозаново, Кривопаланечко, соопшти МВР.
Во присуство на јавен обвинител се врши увид.
Крива Паланка попладнево е зафатена од голем пожар. Од општината информираат дека огнот претставува сериозна закана за домовите, шумите и животите на граѓаните.
Се апелира до сите жители да се вклучат во гаснењето.
Ситуацијата е критична – не е време за чекање или размислување. Апелираме до сите граѓани што се во можност: излезете и помогнете!, се вели во пораката од Општина Крива Паланка.
На терен делуваат пожарникари, волонтери и вработени од општинските служби.
