HomeАктуелноПожар кај Визбегово: Експлозии од плински уреди, повреден пожарникар и уапсен сопственик

Пожар кај Визбегово: Експлозии од плински уреди, повреден пожарникар и уапсен сопственик

Денеска (09.07.2025) во 09.16ч. во СВР Скопје е пријавено дека на отпад за старо железо ул. „Б. Буна“ во Скопје има пожар односно дека горат хаварисани возила, на кои имало монтирано плински уреди и се слушаат детонации од истите. До сега нема зафатено приватен имот – куќи. Се преземаат мерки за гасење на огнот и расчистување на случајот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

За време на интервенцијата еден пожарникар од Бригадата за противпожарна заштита е повреден и пренесен за укажување лекарска помош.

Полицијата го уапси и сопственикот на депонијата која гори повеќе од два часа кај Визбегово.

Во моментот на приведување, сопственикот даде отпор на полицијата по што настана и физичка пресметка.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.