HomeАктуелноПожар кај Визбегово: Опасност за станбените куќи, можно и евакуирање на населението

Пожар кај Визбегово: Опасност за станбените куќи, можно и евакуирање на населението

Центарот за управување со кризи вечерва соопшти дека во реонот на Визбегово, општина Шуто Оризари во близина на дивата депонија, избувнал пожар кој се шири и претставува ризик за проширување кон околните површини. Има опасност бидејќи во близина се наоѓаат станбени куќи.
По барање на градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш побарана е воздушна поддршка за справување со пожарот.Центарот за управување со кризи (ЦУК) веднаш го процесуираше барањето до Министерството за внатрешни работи (МВР) и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), со цел побрза и поефикасна интервенција на терен, информираат од ЦУК.
Укажано му е на градоначалникот на Шуто Оризари доколку се процени дека има потреба да пристапи кон евакуација на населението кое се наоѓа во тој реон.
Во моментов се интервенира од страна на екипи на БППЗ на Град Скопје.
-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.