HomeАктуелноПожар кај Зеленото пазарче во Скопје: Запалено возило, огнот зафатил и маркет

Пожар кај Зеленото пазарче во Скопје: Запалено возило, огнот зафатил и маркет

Ноќеска во центарот на Скопје, во близина на Зеленото пазарче, избувнал пожар во кој бил зафатен автомобил од засега непознати причини. Според очевидци, при пожарот се слушнале и експлозии.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Огнот, кој започнал од автомобилот, се проширил и го зафатил маркетот во непосредна близина.

На терен интервенирале три противпожарни возила, чијашто екипа успеала да го локализира пожарот и да спречи негово понатамошно ширење.

На местото на настанот била присутна и полицијата, која спровела обезбедување и истрага за утврдување на причините за избувнувањето на пожарот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.