Ве известуваме дека во раните утрински часови пријавен е пожар на територија на Национален парк Галичица, кај место викано Царина од преспанска страна, истиот е локализиран од страна на вработените во НП Галичица, Противпожарна единица-Ресен, МВР-Ресен, граничната полиција и локални доброволци, информираат од Националниот парк Галичица.
Локализираниот пожар ќе се набљудува и понатака од страна на чуварите на паркот и навремено ќе известуваме за состојбата на истиот, додаваат од таму.
Голема благодарност до Противпожарна единица-Ресен, МВР-Ресен, Граничната полиција и локалните доброволци за брзата реакција, додаваат во објавата на НП Галичица.
