HomeАктуелноПОЗНАТА Е СУМАТА – Еве колку ќе заработи Георгина ако Кристијано Роналдо ја напушти?

ПОЗНАТА Е СУМАТА – Еве колку ќе заработи Георгина ако Кристијано Роналдо ја напушти?

Најплатениот светски фудбалер Кристијано Роналдо и неговата свршеница Георгина Родригез планираат наскоро да се венчаат, откако славниот Португалецот се сврши со неа по девет години врска.

Роналдо и Георгина се среќно во заедница речиси една деценија, но сè уште не одлучиле да ја крунисаат својата љубов со брак.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Сепак, двојката сега ја објави добрата вест за нивната свршувачка и е подготвена за следниот голем чекор во нивните животи.

Пред тоа, тие се договориле за финансиски прашања во случај на развод. Како што откри португалското списание „TV GUIA“ минатата година, е постигнат договор со кој се регулира заедничкиот живот на двојката.

Според овој договор, во случај на развод, Родригез би добивала доживотен надомест од 100.000 евра месечно. Покрај тоа, таа би станала сопственик на вилата на Роналдо во Мадрид.

Имотот од 950 квадратни метри се наоѓа на парцела од 4.000 квадратни метри, а Роналдо го купил во 2010 година за пет милиони евра. Предбрачните клаузули наводно биле ставени во сила веднаш по раѓањето на нивната прва ќерка, Алана Мартина, за Родригез да има финансиска сигурност. Ова не се големи суми за Роналдо.

Португалецот неодамна потпиша нов договор со саудискиот клуб Ал-Наср до 2027 година и добива огромна плата. Според „The Sun“, Кристијано заработува 208 милиони евра годишно – што е 17 милиони месечно и 4,3 милиони евра неделно.

Роналдо и неговата девојка се заедно од 2017 година. Tие се сметаат за еден од најсреќните парови во спортскиот свет.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.