HomeАктуелноПознати добитниците на наградите за најдобри поетски творби посветени на Свети Климент Охридски-Патронот на Охрид

Познати добитниците на наградите за најдобри поетски творби посветени на Свети Климент Охридски-Патронот на Охрид

По завршувањето на распишаниот Награден ученички литературен конкурс за најдобра поетска творба по повод 8 Декември – Свети Климент Охридски – Патрон на градот, жири комисијата во состав м-р Перчо Божиновски (претседател), проф. Светлана Велкоска (член), проф. Светлана Огненова (член), донесе одлука за избор на најдобрите литературни творби посветени на Свети Климент Охридски, информираат од Општина Охрид.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Жири –комисијата одлучи ПРВИ НАГРАДИ да им бидат доделени на следниве творби:

Во I категорија за ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение)
поетска творба: „Климент Охридски“

шифра: Славјан

Во II категорија за учениции од предметна настава (од шесто до деветто одделение)
поетска творба: „Средновековен времеплов“

шифра: Средновековна книжевна школа

Во III категорија за ученици во средно образование (од прва до четврта година)
поетска творба: „Чекорот на Св. Климент Охридски во мугрите на древниот Охрид“

шифра: 050321

Од Општина Охрид упатуваат повик до добитниците на наградите да одат во Одделението за култура во Општина Охрид во текот на утрешниот ден 06.12.2022 година и со себе да го понесат четвртиот примерок од творбата со која конкурирале за да го докажат своето авторство.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.