HomeАктуелноПознато кога ќе бидат распишани Локалните избори

Познато кога ќе бидат распишани Локалните избори

Локалните избори ќе се распишат до крајниот датум, во првата половина на август за да се остави простор да се пополнат испразнетите места на Народниот правобранител и на претседател на ДКСК, изјави денеска претседателот на Собранието Африм Гаши.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во тој контекст, одговарајќи на новинарските прашања, се осврна и на јавните огласи, што ги распишува Собранието, за избор на нов Народен правобранител и на претседател на Државната комисија за спречување корупција, чија реализација  треба да се усогласи со законските одредби за предизборниот период.

Доколку Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска донесе предлог одлука за избор на Народен правобранител и се постигне договор имајќи предвид дека за оваа функција е потребено гласање и со Бадинтер, Гаши, вели, би можел да свика итна седница уште денеска.

Што се однесува до Комисијата за спречување на корупција, претседателот на Собранието кажа дека денеска ќе биде распишан јавен оглас за претседател на ДКСК.

Пратениците од 4 до 22 август заминуваат на одмор, но претседателот на Собранието потсетува дека законодавниот дом е во постојано заседание и дека доколку е потребно пратениците ќе бидат повикани на седница и за време на одморот.

Останува отворено прашањето за учеството на независните кандидати на претстојните локлани избори, односно собирањето потписи за кандидатски листи. Уставниот суд ги укина членовите со кои на независните кандидати им беа потребни зголемен број потписи за да се кандидираат на избори.

Пред извесно време Гаши рече дека ова го разговоравале на координации со координаторите на сите пратенички групи дека Изборниот законик е нешто што е приоритетно и мораме да се најде начин да го решат.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.