HomeАктуелноПолицијата влета во „дива трка“ на скопска улица и одзеде шест автомобили

Полицијата влета во „дива трка“ на скопска улица и одзеде шест автомобили

Полицијата синоќа одзеде шест автомобили кои биле учесници во „дива трка“ на улицата „Бојмија“ во Скопје

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Синоќа во 21.40 часот на улицата „Бојмија“ во Скопје полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје одзедоа шест возила, поради учество во т.н. диви трки, соопшти утрово МВР

„Возилата ќе бидат однесени во Станица за технички преглед каде ќе им биде извршен вонреден технички преглед и против сопствениците ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Министерството за внатрешни работи и во наредниот период продолжува со мерките и активностите со цел да се обезбеди побезбеден сообраќај“, се вели во соопштението на МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.