HomeАктуелноПолицијата во кабаре во Охрид пронајде странски државјанки од Србија, Казахстан и Русија без регулиран статус за престој

Полицијата во кабаре во Охрид пронајде странски државјанки од Србија, Казахстан и Русија без регулиран статус за престој

Ноќеска, во 01:00 часот, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Запад во содејство со полициски службеници од СВР Охрид извршиле акциска контрола во кабаре во Охрид.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

При контролата поради злоупотреба на туристичкиот престој, односно престојување во земјава, спротивно на целта, биле приведени вкупно осум странски државјанки на возраст од 23 до 43 години, од кои една државјанка од Република Србија, една од Казахстан и шест државјанки од Русија. Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против истите ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од МВР. 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.