Од министерство за внатрешни работи информираат дека на ден 21.08.2022 во Ресен, полициски службеници од Полициска станица Ресен на две локации во Ресен пронајде и одзеде бесправно исечени огревни дрва.
На ул.„Ј.Јосифовски“ било затекнато патничко возило „пежо партнер“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од В.Ф.(34) од с.Лева Река, ресенско натоварено со бесправно исечени дабови дрва, а на ул.„Мите Трајчевски“ во Ресен од Н.Ш.(47) од Ресен биле одземени бесправно исечени дабови огревни дрва, додаваат од МВР.
Дрвната маса била предадена на Шумска полиција Ресен, а по целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.
