ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Д.Ф.(43) од Кичево, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи”.
При контрола на патничко возило „мерцедес”, управувано од пријавениот, полициски службеници пронашле и одзеле пиштол „Екол Туна”, за кој по дополнителни проверки било утврдено дека бил модификуван во огнено оружје, информираат од МВР.
