HomeАктуелноПолицијата санкционира 259 возачи за брзо возење

Полицијата санкционира 259 возачи за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (18.05.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 259 возачи. Од нив 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 155 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 104 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

 

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, додаваат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.