HomeАктуелноПолицијата уапси повеќе дилери на дрога – пронајдени марихуана и прашкаста материја

Полицијата уапси повеќе дилери на дрога – пронајдени марихуана и прашкаста материја

Вчера вечерта во 23.15 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници го лишиле од слобода Г.К.(44) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Исто така вчера во 22.00 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.А.(30) од Скопје, затоа што кај него билe пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Денес во 00.45 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Н.(34) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.