HomeАктуелноПолицијата уапси повеќе дилери на дрога во Скопје – одземени марихуана и прашкаста материја

Полицијата уапси повеќе дилери на дрога во Скопје – одземени марихуана и прашкаста материја

На 10.11.2022 во 00.00 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Г.(22) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и грутчеста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Исто така во 01.30 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.К.(22) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера во 23.10 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош го лишиле од слобода К.Ј.(26) од Крива Паланка затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.