HomeАктуелноПолицијата уапси 13 полицајци и началници кои биле на должност вечерта кога се случи трагедијата

Полицијата уапси 13 полицајци и началници кои биле на должност вечерта кога се случи трагедијата

Вчеравечер во Кочани и во Штип се приведени 13 лица, меѓу кои се началници и полицајци кои биле на смена, вечерта кога се случи пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Приведени се Т.Д. (началник на крим полиција), Д.П. (сменоводител ноќта кога се случи несреќата), М.М. (началник на ОВР Кочани), К.Ј. (началник на економски криминал при ПС Кочани), како и М.Р (полицаец кој бил на смена вечерта на несреќата).

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што се случи ноќта на 16 март загинаа 62 лица, а околу 200 беа повредени.

Од Обвинителството најавија дека соопштение ќе има во текот на денешниот ден.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.