Ноќеска во 03.20 часот во СВР Охрид пријавено е дека во казино на улицата „Абас Емин“ во Охрид, охриќанец физички нападнал 23-годишен сограќанин.
Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава. – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.
56- годишниот жител на Лескоец е приведен во СВР Охрид и по целосно документирање на настанот против нарушителите ќе биде поднесена соодвеетна пријава. – стои во билтенот на СВР.
Изминатата ноќ, при преземени мерки во сообраќајот, полициските службеници во Охрид затекнале 4 возачи кои управувале моторно возило под дејство на алкохол.
Тие се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози. – соопштија од СВР Охрид.
